ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА! Фотографија од егзекутираниот Србин, Бојан Мијаиловиќ

Откако Петар Петковиќ, директорот на канцеларијата за Косово и Метохија, денеска го откри грозоморниот начин на убиството на Бојан Мијаиловиќ, српски Информер дојде до фотографија од убиениот Србин!

– Идентификацијата ја извршија семејствата на жртвите. Првиот збор што го слушнав од адвокатот беше дека Бојан е изобличен. Целата десна страна од главата му била откорната, целосна дупка. Ова може да се направи само со пукање од непосредна близина. Сакаа да го сокријат тоа – рече Петковиќ и продолжи:

-Република Србија прибави докази, тоа се зборови и сведоштва, дека Бојан Мијаиловиќ, татко на две деца на возраст од шест години и 9 месеци, ладнокрвно е убиен откако бил полесно ранет, паднал на земја и се предал. Тој беше убиен, а потоа уште еднаш му беше пукано во главата. Ова сакаше да го сокрие косовската полиција. Имаме докази. Тие сакаа да го сокријат. Нашето барање за независна комисија да ги разгледа телата на убиените е од клучно значење – додава Петковиќ.

Имајте предвид дека фотографијата е вознемирувачка, и покрај фактот што ги замативме највознемирувачките делови.

Да потсетиме и српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека се плаши како ќе реагира семејството Михаиловиќ.

-Во Звечан сите чекаат да ги видат телата… Зошто се криеја од ЕУЛЕКС? Сликата на Мијаиловиќ, се плашам како ќе ја види фамилијата… Нешто друго се случи, не беа само луѓе кои беа со Косово и Метохија, туку специјалци за борба против Србите, од територијата на Прешево, кои се на нашата листа на барани долго време.