Стотици луѓе останаа заробени под урнатините по разорниот земјотрес во Турција и Сирија. Многумина ги користат социјалните мрежи за да побараат помош а објавуваат и видеа. Така беше објавена и приказната за заробеното дете.
Катастрофалниот земјотрес кој утринава ги погоди Турција и Сирија остави зад себе илјадници мртви, повредени, заробени под урнатините…
Моќта на земјотресот најдобро ја илустрираат снимките на кои се гледаат облакодери и тони бетонски блокови како се уриваат како кула од карти.
Луѓето кои останаа под урнатините повикуваат на помош. Луѓето објавуваат пораки и фотографии на социјалните мрежи, обидувајќи се да им помогнат на спасувачите полесно да ги најдат. Така на Твитер е објавено шокантно видео од дете.
Дете заробено под бетон се слуша како плаче додека маж разговара со него и се обидува да го утеши додека не пристигнат спасувачите.
Предупредуваме дека видеото може да ги вознемири некои читатели.