ВОЛОДИМИР ЗЕЛЕНСКИ ВО САД КАЖА ДЕКА УКРАИНА ВРАТИЛА 50 ОТСТО ОД ТЕРИТОРИЈАТА – Доби овации и пари од ММФ, а денес оди кај Џо Бајден во Белата куќа

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, доби овации на Националниот Универзитет за одбрана во Вашингтон, откако им се обрати на американските воени претставници, на почетокот на посетата на главниот град на САД, со цел да го убеди Конгресот да обезбеди поголема воена помош за Украина пред да истечат средствата.

Володимир Зеленски во својот говор истакна колку е важно Русија да биде поразена во Украина бидејќи, како што кажа, „ако Русија победи во Украина, рускиот претседател Владимир Путин нема да застане тука“.

Неговото оружје (на Владимир Путин) против вас во моментов е пропаганда и дезинформација. Но, ако види можност, ќе оди подалеку од тоа. Сега, тој ги движи руската економија и општество на воениот колосек“, вели Володимир Зеленски.

Тој додава дека слободата мора да победи и им се заблагодари на Американците за поддршката.

„Целиот свет не гледа. Украина не се откажа и нема да се откаже. Знаеме што треба да направиме и може да сметате на Украина. И се надеваме дека можеме да сметаме на вас“, вели тој.

Володимир Зеленски кажа дека украинските сили досега имаат обновено 50 отсто од територијата што ја изгубиле во војната со Русија.

Во овој момент, среде жестоки битки, нашите војници држат позиции на фронтот и не дозволивме Русија да извојува ниту една победа оваа година. Но, мора да ја добиеме и војната во воздухот“, додаде тој.

Лојд Остин, секретар за одбрана на САД, на Националниот Универзитет за одбрана порача дека американската поддршка за Украина е непоколеблива и предупреди: 

Ако не се спротивставиме на агресијата на Кремљ денес, ако не ги одвратиме другите потенцијални агресори, само ќе поканиме нова агресија, крвопролевање и хаос“.

Володимир Зеленски потоа се сретна со Кристалина Георгиева, директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и изрази благодарност до ММФ за поддршката на Украина и кажа дека Киев работи на спроведување на препорачаните реформи.

Ви благодариме што ја поддржувате Украина и ги славевте успесите на нашата земја и народ“, напиша Володимир Зеленски на својот профил на социјалната мрежа Телеграм по состанокот на ММФ.

Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд во понеделникот одобри исплата на 900 милиони долари за Украина од програмата за заем од 15,6 милијарди долари, неколку часа пред директорката на ММФ да се состане со Володимир ЗеленскиКристалина Георгиева му кажа дека извршниот одбор на ММФ е едногласен во поддршката за Украина, освен за една земја, рекоа претставници на ММФ, јасно споменувајќи ја Русија.

Претседателот на САДЏо Бајден, побара од Конгресот да одобри 61,4 милијарди долари помош за Украина, дел од пакетот од 110 милијарди долари кој ќе вклучува пари за Израел и други потреби за национална безбедност. Но, прашањето за помошта се заплетка во дебатата за имиграциската политика и безбедноста на границите. САД веќе и дадоа на Украина 111 милијарди долари помош во војната против Русија.

Во вторник Володимир Зеленски ќе им се обрати на членовите на Конгресот и ќе се сретне со Џо Бајден во Белата куќа.