Володимир Зеленски за прв пат зборуваше за украинската контраофанзива – цел свет остана шокиран по неговите зборови

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, призна дека имал намера да започне контраофанзива напролет, но дека не можел поради недостиг на оружје, пишува весникот Politico.

Имавме планови да започнеме напролет. Искрено, не можевме, бидејќи немавме доволно муниција и оружје, а немаше ни доволно бригади кои беа соодветно обучени за тоа оружје, особено што обуката се одржуваше надвор од Украина“, изјавил Володимир Зеленски.

Откако Украина почна да дејствува подоцна, тоа, според Володимир Зеленски, и даде на Русија многу време да изгради неколку линии на одбрана.

Затоа нашата контраофанзива оди побавно. Не сакавме да ги изгубиме нашите луѓе. А нашите војници поради тоа не сакаа да ја загубат својата воена опрема“, нагласил тој.

Контраофанзивата, за која долго време се зборува во Киев, започна на 4. јуни во јужните правци на регионите Доњецк, Запорожје и Бахмут, при што украинската Армија го концентрираше главниот напад на секторот Запорожје на фронтот.

Претходно, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу објави дека украинската Армија загубила над 26.000 војници и 3.000 парчиња различно оружје од почетокот на контраофанзивата, бројки што не се потврдени.