ВОЛОДИМИР ЗЕЛЕНСКИ МУ ПОСТАВИЛ САМО ЕДНО ПРАШАЊЕ НА АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ – Претседателот на Србија открива важни детали од состанокот
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во главниот град на Грција, Атина, денес се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Како што беше објавено од соседните медиуми, средбата била одржана во четири очи по барање на претседателот на Украина.
„Володимир Зеленски ме праша што мислат луѓето во Србија и зошто. Му кажав што се случи во 1999 година и потврдив дека Србија го поддржува територијалниот интегритет на Украина и ќе продолжи да го прави тоа. Разговаравме за различни форми на соработка. И тие треба да размислуваат како да ја обноват државата. Мислам дека нема да има промена на Украина кон Србија што се однесува до територијалниот интегритет“, изјави по средбата претседателот на Србија.
„Другите би сакале да го поддржат украинскиот, а не и српскиот територијален интегритет, тие се однесуваат како што им одговара“, нагласил Александар Вучиќ по средбата со Володимир Зеленски.