“ВОЛОДИМИР ЗЕЛЕНСКИ НЕМА ДА ГО ОСТАВИМЕ НА МИРА“ – Потпаролката на Сергеј Лавров од Скопје порача: “Украина повеќе не е интересна за западните медиуми“
Речиси час и половина траеше прес-конференцијата на министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров во Скопје, по средбите во рамките 30. Министерски состанок на ОБСЕ. Модератор на прес-конференцијата беше жената поради која Бугарија го затвори својот воздушен простор за руската делегација, потпаролката на руското МНР, Марија Захарова.
„Украинската тема повеќе не ги интересира западните медиуми, дури и кога доаѓа до провокации насочени против Русија“, накратко оцени портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
„Темата за Украина е затворена“, додаде таа во објава на социјалната мрежа Телеграм, а потоа порача: „Но, нема да го оставиме Володимир Зеленски на мира“.
Да потсетиме, руската брутална инвазија на Украина трае од февруари минатата година.