“ВОЛОДИМИР ЗЕЛЕНСКИ НЕМА ДА ГО ОСТАВИМЕ НА МИРА“ – Потпаролката на Сергеј Лавров од Скопје порача: “Украина повеќе не е интересна за западните медиуми“

Речиси час и половина траеше прес-конференцијата на министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров во Скопје, по средбите во рамките 30. Министерски состанок на ОБСЕ. Модератор на прес-конференцијата беше жената поради која Бугарија го затвори својот воздушен простор за руската делегација, потпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

Сергек Лавров

Украинската тема повеќе не ги интересира западните медиуми, дури и кога доаѓа до провокации насочени против Русија“, накратко оцени портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Темата за Украина е затворена“, додаде таа во објава на социјалната мрежа Телеграм, а потоа порача: „Но, нема да го оставиме Володимир Зеленски на мира“.

Да потсетиме, руската брутална инвазија на Украина трае од февруари минатата година.