ВОЈНА СО КИНА, КЛИМАТСКИ КАТАСТРОФИ… Пророштвата на Нострадамус за 2024 година ја заледуваат крвта на секој човек: Еве што овој познат Французин вели за следната година
Францускиот астролог Мишел де Нотр Дам, познат како Нострадамус, ја напишал книгата „Пророштва“ во 1555 година во која ги претставил своите предвидувања за иднината.
Многумина велат дека неговите предвидувања се оствариле, наведувајќи ги сличностите меѓу вистинските настани и неговите предвидувања, како што се големиот пожар во Лондон, владеењето на Адолф Хитлер и нападите од 11. септември во САД. Некои велат и дека ја предвидел смртта на претседателот на САД, Џон Ф. Кенеди, како и револуцијата во Франција. Неговите предвидувања за следната година се објавуваат секоја година, а се знае и што предвидел за 2024 година.
КОНФЛИКТ СО КИНА
Нострадамус напишал дека – „Црвениот противник ќе бледне од страв, ставајќи го во страв големиот океан“. Некои веруваат дека „црвениот противник“ би можела да биде Кина, додека „големиот океан“ сугерира дека борбите би можеле да се одржат на море, можеби во Индискиот Океан.
Британскиот писател и коментатор на Нострадамус, Марио Ридинг веќе зборуваше за тоа како францускиот астролог можеби ја предвидел смртта на кралицата Елизабета II. Нострадамус напишал дека – „кралот на островот ќе биде избркан со сила/заменет од оној кој нема да има белег на крал“. Во анализата на Марио Ридинг, ова укажува на абдицирање на кралот Чарлс III поради упорните напади врз него и неговата втора сопруга, а наместо Вилијам ќе биде заменет од Хари како човек на кој нема „печат“ на крал.
КЛИМАТСКА КАТАСТРОФА
Климатскиот хаос веќе започна со сè почести пожари, поплави и суши ширум светот во последните години, особено во 2023 година. Интересно е како се чини дека ги предвидел овие „апокалиптични“ настани пред толку многу векови. Нострадамус вели: „Сувото ќе стане уште посуво и ќе има големи поплави“ – тој предупредува на бури што ќе доведат до глад.
НОВ ПАПА
Нострадамус ја предвидува и смртта на папата Франциско. „Со смртта на еден многу стар папа, ќе се избере постар Римјанин. Ќе се каже дека е слаб, но ќе седи долго време и ќе биде во копнеж“, напишал Нострадамус.
Мишел де Нотр-Дам е роден во Сен Реми-де-Прованс во 1503 година. Отпрвин живеел како патувачки аптекар, многу баран за лекување на жртвите од чума. Од 1550 година тој издавал годишни публикации кои вклучувале пророчки стихови. Во 1554 година, тој почнал да пишува „Пророштва“, во кои имал намера да ја изложи идната историја на светот во 1.000 катрени, распоредени на 10 „доба“.