Еден од најинтензивните конфликти за време на едногодишната војна продолжува во регионот на Доњецк.
Екипата на новинската агенција Анадолу (АА) ги посети војниците на фронтот и сними еден од нивните денови.
Продолжуваат жестоките судири во областа Бахмут, Авдивка и Вухледар во Доњецк.
Генади, 25-годишен украински војник во регионот на Доњецк, кој со своите другари чека во оклопно возило пред да оди на фронтот во Бахмут, се обидел да се стопли со огнот што го запалил.
„На фронтот сум една година. Доброволно отидов во војска. Кога почна војната, пријателите ми понудија да одам на фронтот. Јас прифатив“, вели овој млад човек.
Генади, кој од безбедносни причини не сакаше да го открие своето презиме, рече дека тие биле таму за да го бранат Бахмут.
„Наша должност е да го заштитиме Бахмут, што е стратегиски важно“, изјави еден украински војник.
Војник со кодно име „Добриј“ е на должност шест месеци.
Овој 27-годишник е на позиции во правец на Соледар во областа Бахмут, пишува ТРТ Балкан.
„Секој ден сме на фронтот. Секојдневно се бориме. Мора да ја заштитиме нашата земја“, вели овој млад човек.