Во Битола при ископ откриени 292 неексплодирни гранати од Првата светска војна

Во Битола при ископ на канал за инсталирање цевковод на топлификација, пронајдени се 292 гранати од Првата светска војна.

Од Регионалниот ЦУК – Битола потврдија дека гранатите се откриени за време на градежни работи и се пријавени на Единствениот повикувачки број за итни повици 112.

-Добиена е пријава за пронајдени неексплодирани убојни средства НУС на ул. „Баталјон Стив Наумов“ бр.22 во Битола. Веднаш пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување-ДЗС Битола изврши проверка и обезбедувањето на местото бидејќи се работи за поголема количина на НУС и истите ќе бидат подигнати во текот на денешниот ден, потврди Стефан Ѓоргиев од ДЗС- Битола..

Согласно стандардни оперативни процедури, СВР Битола вршат обезбедување на пронајдените НУС до нивно безбедно отстранување.