Во близина на Пелопонез спасени 100 бегалци и мигранти 

Во морскиот дел југоисточно од грчкиот полуостров Пелопонез доцна синоќа биле пронајдени и спасени 100 бегалци и мигранти кои се превезувале во чамец, јави дописничката на МИА од Атина. 

Според крајбрежната служба на Грција, лицата биле спасени од реморкер што се наоѓал во близина и пренесени на копно, поконкретно во градот Монемвасиа на Пелопонез.