ВО ЖИВО НАПАДОТ НА ИРАН ВРЗ ИЗРАЕЛ Борбени авиони пресретнаа уште едно беспилотно летало лансирано од исток, поради кризата зголемена ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО
Израел најави дека Иран ќе „плати“ за невидениот голем напад во кој во саботата навечер беа истрелани повеќе од 300 дронови и ракети.
Израелската армија објави дека заедно со своите партнери пресретнала 99 отсто од тие проектили.
Воениот кабинет на премиерот Бенјамин Нетанјаху заврши вчера без одлука за обемот и целта на одговорот на Израел на нападот.
Си-Ен-Ен објави дека американскиот претседател Џо Бајден и членовите на Советот за национална безбедност на Белата куќа им кажале на израелските власти дека САД нема да учествуваат во каква било офанзивна акција против Иран.
Одмаздата на Иран што се случи минатиот викенд се очекуваше од 1 април, кога во израелски воздушен напад врз иранскиот конзулат во сириската престолнина Дамаск загинаа седум членови на Револуционерната гарда, вклучувајќи ги командантот и неговиот заменик.
Иран се закани: „Следниот напад ќе биде одлучувачки“
Амбасадорот на Иран во ОН, Амир Саид Иравани, даде изјава за Sky News по состанокот на Советот за безбедност на ОН.
Запрашан за пораката на Израел дека ќе даде „значаен“ одговор на нападот на Иран во текот на викендот, амбасадорот одговори: „Мислам дека тоа е закана, а не акција“.
„Празна закана? праша Матјуз.
„Тие го знаат тоа. Знаат дека тоа ќе биде наша втора одмазда, па разбираат дека следната ќе биде одлучувачка“, рече иранскиот амбасадор.