– Пет лица загинаа при уривањето зграда во изградба во индустриска зона во близина на Казабланка, економската престолнина на Мароко, соопштија денеска властите нов биланс на жртви.
Локалните медиуми по несреќата што се случи во четвртокот јавија дека две лица загинале, а петмина се повредени.
„Трагедијата ги чинеше животите на петмина работници“, се наведува во соопштението на синдикатот.
Се додава дека работниците работеле на изградба на „четири дополнителни ката на фабрика“ и дека условите во кои работеле не биле безбедни.
Надлежните соопштија дека е отворена истрага за утврдување на причините за уривањето.