“ВО ПЕТОК ОДИМЕ НА ПЛОШТАДИТЕ И УЛИЦИТЕ!“ – Поранешниот прв човек на Хамас ги повика арапските земји: Целиот муслимански свет се мобилизира !?
Поранешниот прв човек на Хамас, Калед Мешал, повика на протести низ арапскиот свет во петок за поддршка на Палестинците, јавува медиумската агенција Reuters.
„Мораме во петок да излеземе на плоштадите и улиците низ арапскиот и исламскиот свет“, рекол Калед Мешал, кој моментално е директор на канцеларијата на Хамас за дијаспората.
Да потсетиме дека судирите меѓу израелските одбранбени сили и Хамас влегоа во петти ден. Бројот на загинати Израелци од почетокот на нападот на палестинската милитантна група Хамас надмина 1.200, речиси 3.000 луѓе се повредени, а судбината на околу 150 луѓе, кои беа киднапирани и однесени во Појасот Газа, се уште не е позната.