Во поплави и свлечишта починаа 12 луѓе во Бразил

– Најмалку 12 луѓе загинаа во несреќите предизвикани од поплави и свлечишта во Бразил, соопштија официјалните лица денес.

Поројните дождови предизвикаа поплави кои доведоа до бројни несреќи, вклучувајќи свлечишта и уривање на куќи, воглавно во Петрополис, Рио де Жанеиро и во соседната бразилска држава Еспирито Санто.

Екипи на цивилната одбрана и на противпожарната служба започнаа акции на пребарување и спасување.

Најголемата земја во Јужна Америка е зафатена од екстремни временски појави, за кои се вели дека се последица на климатските промени.

Претседателот Луиз Инасио Лула да Силва на социјалната мрежа Х објави дека илјадници луѓе останале без кров над главата поради лошото време.