Државната награда „11 Октомври“ за 2023 година денеска во Собранието на Република Македонија ќе му биде доделена на композиторот Љупчо Константинов.
Наградата, како што соопшти Министерството за култура, на Љупчо Константинов му се доделува за животно дело во областа на културата и уметноста.
Со државната награда „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес.
Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“, составен од претседател и 12 члена.