Во Србија системот „Пронајди ме“ досега не е активиран ниту еднаш

Откако почна да работи системот „Пронајди ме“ за итно известување до јавноста во Србија во случај на исчезнување малолетник, тој не е активиран ниту еднаш.

Претставничката на Центарот за исчезнати и малтретирани деца, Олгица Чекиќ, за ТВ Н1 објасни дека не се огласил бидејќи не биле исполнети критериумите за негово покренување.