,,Во финалето на Ѕвездите на Гранд не се гласа за најдобриот“ Марија Шерифовиќ: Се менува системот на избор на победник!? (фото)
Марија Шерифовиќ долги години е во жирито на популарното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, а сега, откако заврши 16-та сезона, реши да зборува за самото натпреварување, но и за системот на гласање што се практикуваше до сега.
На оваа тема Марија проговори во блог на својот канал на Јутјуб, а дошла до идеја да се смени досегашниот начин на избирање на победникот.
– Ништо не коментирав по завршувањето на „Ѕвездите на Гранд“ бидејќи бев многу уморна. Бев среќна што дојдовме до крајот, без разлика на резултатот. Да бидам искрена, според мојот вкус и познавање на бизнисот, Ксенија Тану и Мартин за мене се вистинско оркритие – изјави Марија на самиот почеток и откри cè за фаворитите од другите тимови.
– Што се однесува до другите тимови, Петар и Џенан ми се одлични – призна таа и го откри своето мислење за овогодинешната победничка од Македонија, Славица Ангелова.
– Многумина негодуваат за резултатот, а особено не ми се допаѓа тоа што го пишувате за победникот. Јас секогаш ја поздравувам одлуката на народот и почнав интензивно да размислувам и дојдов до заклучок дека сепак во финалето нема гласање за најдобриот – истакна таа.
– Прашање е колку е праведно што, кога ќе стигнеме до финале во натпреварување и кога јасно се гледа разликата, во еден момент престанува да биде музичко натпреварување и има натпревар меѓу државите и нивните претставници. Тоа е тема за која можеме да разговараме. Не знам дали е тоа во ред или не. Мислам дека по многу, многу години, време е да се промени нешто во тој систем и да се најде начин навистина да се избере ѕвездата на Гранд – вели таа во својот блог.