Годинава годишен одмор ќе добијат сите, и работниците во приватниот сектор и оние во јавниот сектор. Над 84.000 вработени во администрацијата ќе добијат по 11.000 К-15 денари.
За вработените во приватниот сектор К-15 годинава ќе изнесува околу 16.800 денари или 40 отсто од просечната плата исплатена во последните три месеци.
Плаќањето мора да се изврши до крајот на годината, додека законски може да почне да се плаќа од месец мај.
Услов за исплата на К-15 е работникот да има работено најмалку шест месеци во текот на календарската година кај ист работодавач. К-15 важи и за оние работници кои смениле работа, доколку претходно работеле непрекинато шест месеци во иста фирма.
За работодавачите кои нема да плаќаат годишен одмор на своите вработени, Законот предвидува глоба до 4.000 евра, од кои 2.000 до 3.000 евра за компанијата и 500 до 1.000 евра за одговорното лице во него.