“ВРЕМЕТО ЗА ОДМОР ЌЕ ДОЈДЕ ПОДОЦНА“ – Во пресрет на Божиќ, Володимир Зеленски им порача на своите сонародници: “Не се откажувајте од борбата!“

Само неколку дена пред Божиќ, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, апелираше до борбениот дух на неговите сонародници да не се колебаат во одбраната на земјата.

Потребно е максимално внимание за одбраната, максимални напори за земјата, максимална енергија за Украина да ги постигне своите цели“, порача Володимир Зеленски во своето вечерно видео-обраќање од Киев во четвртокот.

Времето за одмор ќе дојде подоцна“, нагласи тој.

Украина за првпат официјално го слави Божиќ на 25. декември годинава според западната традиција, а не на 7. јануари согласно православните обичаи.

Сега, пред Божиќ, сите во нашата земја мора да запомнат дека ова е време за концентрација, време за работа“, посочи Володимир Зеленски и додаде: „Судбината на земјата ќе се решава во регионите Харков, Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон, кои беа нападнати од Русија“.

Дваесет семејства на украински херои добија станови од државата во четвртокот. Секој војник, морнар и офицер со титула херој ќе го добие истото признание од државата“, најави Володимир Зеленски.