ВРЕМЕТО ИСТЕКУВА – За 24 часа Појасот Газа останува во тотален мрак: Паркинзите пред болниците се претворени во “гробишта“, а ситуацијата може да биде уште полоша

Сите болници во Појасот Газа остануваат без гориво за 24 часа, пренесува Sky News. Предупредувањето доаѓа од палестинската агенција за бегалци при Обединетите нации (УНРВА).

Се вели дека очекуваат намалените резерви на гориво да истечат, во услови на ескалација на хуманитарна криза. Болниците веќе се потпираат на резервни генератори, а прекинот на електричната енергија би ги загрозил животите на илјадници пациенти и повредените од директниот конфликт помеѓу Хамас и Израел.

Претходно оваа недела беше објавено дека здравствените установи во Појасот Газа биле преполни, а една болничка мртовечница била принудена да го претвори паркингот во „гробишта“.

Портпаролот на израелската Армија го негираше постоењето на хуманитарна криза во Појасот Газа

За потсетување, по смртоносните напади на Хамас на 7. октомври, Израел го блокираше прекуграничното снабдување со електрична енергија, гориво и вода за Појасот Газа и врши воздушни напади на територијата. 

Утринава, агенцијата за бегалци на ОН за Палестина предупреди дека болестите што се пренесуваат преку вода може да почнат да се шират бидејќи поголемиот дел од Појасот Газа нема вода за пиење.

Но, во интервју за BBC, потполковникот Ричард Хехт инсистираше на тоа дека во Појасот Газа има струја и вода. 

Немаме обврска да снабдуваме електрична енергија на Хамас“, вели Ричард Хехт и додава: „Луѓето кои не нападнаа веќе неколку години го контролираат Појасот Газа, имаат струја“.