Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, порача дека на неговата земја ѝ е потребен мир, нормален живот за сите граѓани, понатамошен раст и развој на земјата и подобра иднина за децата
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, порача дека на неговата земја ѝ е потребен мир, нормален живот за сите граѓани, понатамошен раст и развој на земјата и подобра иднина за децата.
„Потребен ни е мир, нормален живот за сите граѓани, понатамошен раст и развој на земјата и подобра иднина за децата. План е да, соочени со предизвици, работиме уште повеќе, да се обидеме да бидеме најдобри, да покажеме дека Србија сака дијалог и компромис, но и дека има свои принципи и очекувања“, напиша претседателот Вучиќ на социјалната мрежа Инстаграм.
Тој истакна дека поради тоа ќе продолжи да разговара со сите за сѐ и ќе се бори уште посилно за Србија.
„Ќе ни бидат потребни многу енергија и многу поголемо единство, но ќе ја сочуваме земјата и народот и ќе туркаме напред, бидејќи тоа е единствениот пат“, додаде Вучиќ.