Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на социјалната мрежа Инстаграм порача дека договорот со Косово не подразбира признавање на Косово.
„За да нема корумпирани и лажни толкувања, и воопшто не се плашам дека на сите им го кажувам токму истото – за Србија не станува збор за признавање на Косово, за членство на Косово во Обединетите нации, организации, институции и агенции на ОН. Точка!“, напиша тој во неговата последна објава на социјалната мрежа.