Авионот со српскиот претседател Александар Вучиќ слета во Москва, јавува „Русија 24“.
Претседателот Вучиќ во Моксва пристигна нешто по 16:30 часот.
Авионот со кој претседателот Вучиќ отпатува за Москва за да присуствува на прославата на Денот на победата, привремено слета во Баку бидејќи немаше дозвола да го продолжи летот поради борбите меѓу Русија и Украина.
Вучиќ потоа го продолжил летот кон Москва, бидејќи екипажот на неговиот авион добил дозвола да го продолжи летот.
Во претходните неколку дена, аеродромите во неколку руски градови беа затворени поради напади од украински беспилотни летала.
Вучиќ попладнево отпатува за Москва, каде што во петок треба да има билатерална средба со Владимир Путин, претседателот на Русија, и да присуствува на прославите на Денот на победата.