Шефот на Собранието на РСМ, Африм Гаши, кој исто така е во Вашингтон поради активностите на Парламентарното собрание на НАТО, на прашањето каков е редот на САД за уставните измени, рече дека нема промена на ставот од страна на САД. Гаши во интервју за Гласот на Америка вели дека промените ќе бидат направени кога ќе се гарантира идентитетот.
„Ова се пораки кои ги слушаме долго време. Нема промена во односот на нашите партнери. САД остануваат наш силен стратешки партнер. Како нова влада ќе сакаме уште повеќе да го продлабочиме ова партнерство“.
„Секако, наша обврска и предизвик е да ги спроведеме тие уставни измени, но секако кога ќе дојде време, во услови во кои ќе се гарантира идентитетот, културниот, етничкиот и јазичниот идентитет на Македонците на прво место, но и на сите граѓани на државата“, рече Африм Гаши, претседател на Собранието.