ГЕРМАНИЈА ОВА НЕ ГО ПАМЕТИ ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА – Најсилната економија во Европа го достигна лимитот, а ќе биде уште полошо !?
Бројот на бездомници во Германија е зголемен за повеќе од 50 отсто за само една година поради големиот број имигранти кои пристигнуваат во најголемата европска економија. Бројот на барања за азил само оваа година е зголемен за дури 70 отсто, а се очекува нивниот број да надмине 300.000 до крајот на годината, пишува угледниот Times.
Истовремено, Германија е погодена од голема криза со недостиг на прифатливи станови поради големата имиграција, околу еден милион имигрирани Украинци и 148.000 други бегалци поднеле барање за азил минатата година. На тоа треба да се додаде растот на каматните стапки и зголемувањето на трошоците за изградба, што предизвика голема стагнација во изградбата на станови. Помалку од 200.000 нови станови би можеле да се изградат оваа година, што е половина од годишната цел на Владата, според Politico. Бројот на социјални станови е премал, а во последните години се преполови на нешто повеќе од милион.
„Инфлацијата, високите трошоци и зголемените кирии тешко ги погодуваат домаќинствата во Германија со ниски примања“, предупредува Верена Розенке, директорка на Bag W (Германско федерално здружение за помош на бездомниците).
Посебно загрозени се самохрани домаќинства со ниски примања, самохрани родители и парови со повеќе деца.
Околу 50.000 луѓе се принудени да спијат на улица, додека останатите наоѓаат место барем привремено во засолниште или кај пријатели и познаници. Минатата година, околу 607.000 луѓе биле барем привремено бездомници, во споредба со 383.000 во 2021 година, проценува Bag W. Меѓу нив има 411.000 бегалци, или 71 отсто од вкупниот број. Во 2021 година имало половина повеќе, односно 194.500 бегалци без сместување. Според податоците на Националното биро за статистика, на крајот на јануари, Украинците сочинувале нешто помалку од една третина од бездомниците.
Германија е на пат да прими најмногу баратели на азил оваа година од врвот на мигрантската криза во 2015 година. Со повеќе од три милиони бегалци, вклучително и Украинци, Берлин се најде под огромен притисок од преоптоварените држави и општини. Ова е најголемиот бегалски бран по Втората светска војна.