Германците објавија снимка од насмеаниот терорист! Откриено е што правел напаѓачот од Магдебург 24 часа пред масакрот (видео)
Шокантно видео од надзор во еден бар покажало што правел Талеб А. (50) само 24 часа пред да влета со својот автомобил во толпа луѓе на божиќниот пазар во центарот на Магдебург.
Како што покажаа камерите, тој насмеано пиел шише пиво со лимон, се поздравил љубезно и нарачал „фламкучен“ со ракчиња.
Еден ден подоцна со своето БМВ се упатил на божиќниот пазар во Магдебург.
Според германските медиуми, „возачот на смртта“ е редовен муштерија во снек барот „Зале грил“ во Бернбург (Саксонија-Анхалт).
Снимката од надзорната камера покажа што правел ноќта пред злосторството.
Телеб А.(50) синоќа со својот автомобил влетал во толпата на божиќниот саем во центарот на овој германски град, при што загинале пет лица, а 200 се повредени.
Наводно бил под дејство на дрога.