Микроскопските снимки од нашите „чисти“ раце ја шокираа јавноста, а двајца лекари предупредуваат на важноста од правилна хигиена на рацете за да се намали ризикот од инфекции.
Можеби треба повторно да размислиме како ги миеме рацете – стои под вирално видео на двајца лекари кои откриле како всушност изгледаат нашите „чисти“ раце под микроскоп.
Д-р Миро Фигура и д-р Дана Бремс во видеото објавено на TikTok им ја покажаа на корисниците вистинската состојба на нашите раце. Сликите направени со микроскоп го шокираа интернетот.
– Оваа рака на прв поглед изгледа чиста, но дали е навистина чиста? – ги прашаа своите следбеници.
На зумирана слика на прстот под микроскоп, забележани се ситни набори на кожа, слични на песок, покриени со честички нечистотија .
– Ова е навистина одвратно – искоментира Миро.
@doctormyro @Doctor Dana • FootDocDana if this is the hand, what would a foot look like? 🤢 #microscope #doctors #hand #gross #dirtey #germs ♬ Funky Town(落雨) – 落花雨
– На рацете може да се најдат повеќе од 3.000 различни микроби, па затоа е важно темелно да ги миете рацете. Добрата хигиена може да намали до 50 отсто од инфекциите – додаде Дана.
Според Центрите за контрола и превенција на болести, рацете треба да се мијат најмалку 20 секунди, особено по користење на тоалетот и пред јадење.
Секој сапун темелно ги чисти рацете. Според Американската агенција за храна и лекови, нема доволно докази дека антибактериските сапуни се поефикасни од обичниот сапун и вода.
Ако сапун и вода не се достапни, користете средство за дезинфекција со најмалку 60 проценти алкохол. Ефективни се и природни производи, како органски спрејови или средства за дезинфекција со 70% етил алкохол и есенцијални масла.
„ Задолжително измијте ги сите делови од рацете, вклучително и помеѓу прстите и под ноктите, триејќи се додека рацете не се целосно суви “, советува ЦДЦ.