Ги оставила сопругот и четирите деца за да биде со 12-годинишно момче: Поради него била во ЗАТВОР каде ја родила и неговата ЌЕРКА
Иако сите ја обвинуваа за педофилија, таа дури заврши и во затвор поради нејзините постапки кон малолетно момче во тоа време, нивната љубов беше посилна од се.
Целиот свет дозна за диџејот Вили Фуалау кога имал само 12 години. Имено, тој започнал врска со својата учителка Мери Кеј Летурно, која тогаш имала 34 години.
Разликата во годините меѓу нив од повеќе од две децении, јавна осуда, шокирани семејства – ништо не можеше да ги раздели, освен смртта. Мери се разболе и ја загуби битката со ракот во 2020 година.
Мери и Вили имаат две ќерки, Одри (26) и Џорџија (24), а „Дали мејл“ открива дека нивната помлада наследничка е во друга состојба и дека во јануари 2024 година ќе роди син.
Сепак, иако Вили станува дедо на 40 години, тој помина долг пат до мирен и спокоен живот. Имено, тој стана татко на 14 години.
Како започна оваа необична љубовна врска?
.
Двојката стапи во врска во 1996 година. Таа веќе беше мажена и мајка на четири деца. Бидејќи Мери во тој момент му била учителка на Вили и била 22 години постара од него, недозволената врска набрзо протекла во јавноста. Целиот случај во полиција го пријавил роднина на нејзиниот поранешен сопруг Стив Летурно и се прераснало во национален скандал.
Мери заврши на суд под обвинение за силување на 12-годишно момче, ја призна вината и доби шестмесечна затворска казна, по преговори со властите.
Еден од условите на нејзиниот договор бил да нема контакт со тинејџерот, до кој воопшто не се придржувала. По излегувањето од затвор го родила нивното прво дете, а 14 месеци подоцна им се родила втората ќерка.
Девојките ги воспитувала мајката на Вили додека Мери Кеј отслужувала седумгодишна затворска казна откако го прекршила договорот за признавање вина.
Ништо не можеше да ги раскине Вили и Мери Кеј, тие продолжија да им пркосат на сите и да уживаат во нивната љубов. Тие се венчаа во 2005 година, кога Мери Кеј излезе од затвор.
Тие останаа заедно до 2017 година, кога диџејот поднесе барање за развод. Сепак, се шпекулираше дека повторно се здружиле по една година. Мери почина само пет месеци откако нивниот брак официјално заврши.
Пред смртта, поранешната учителка од Сиетл целиот свој имот го оставила на поранешниот сопруг Вилија Фуалау и нивните две ќерки.
Минатиот ноември, Вили доби уште едно дете со новата партнерка, а неговите ќерки Одри и Џорџија беа пресреќни.
„Толку си убава, едвај чекаме да те гледаме како растеш. Ќе бидеме покрај тебе, без разлика на се, Те сакаме“, ѝ се обратиле тогаш на својата најмлада сестра на Инстаграм.