ГОДИНИТЕ СЕ САМО БРОЈ – Синди Крафорд на 57 години ги ‘запали’ социјалните мрежи! “Каква фигура, таа е посебна!“ – обожавателите воодушевени од нејзиниот изглед (фото)

Познатата манекенка Синди Крафорд (57 г.) учествуваше на конференцијата за убавина која се одржала во четвртокот во Лос Анџелес, а која ја организирал познатиот магазин Women’s Wear Daily, пишува Daily Mail.

Крафорд пристигнала на конференцијата во крем боја на фустан со долги ракави. Моделот го комплетирала стајлингот со бела чанта, тркалезни обетки, златна нараквица и проѕирни чевли со високи потпетици. Што се однесува до косата, таа се одлучила за светли бранови. Нејзината шминка била дискретна.

Крафорд изјавила дека се чувствува почестена што е поканета на панелот за убавина каде што зборуваше за нејзината компанија Meaningful Beauty, која произведува производи за нега на кожа и коса против стареење, како и за индустријата за убавина како целина.

Синди Крафорд

Крафорд неодамна во интервју за магазинот People изјави дека таа и нејзиниот сопруг Ранде Гербер (60 г.), со кој се омажи во 1998 година, се навикнати да ги делат домашните и животните обврски. Гербер е „мајсторот“, а Крафорд купува храна, планира оброци и се грижи сите членови на нивното семејство, кое се состои од 23-годишниот син Присли и 21-годишната ќерка Каја, да пристигнат навреме на закажаните состаноци и обврски.

Манекенката рекла дека нејзините и децата речиси секогаш учествувале во нивното дружење со други возрасни луѓе и затоа денес одлично се снаоѓаат во сите животни ситуации.