Голема прослава во домот на Маја Беровиќ! Таа сподели емотивни кадри: „Мама те сака од тука до небото“
Маја Беровиќ денес има голема причина за славење, нејзиниот син Лав го слави својот 2 роденден,ншто гордата мама тој момент го сподели на Инстаграм.
Досега пејачката јавно не го покажуваше својот наследник, а неговите слики ретко ги споделуваше на социјалните мрежи.
Меѓутоа, во оваа прилика таа реши да позира со наследникот и тоа го објави на својот Инстаграм.
Фотографиите беа придружени со емотивна порака посветена на неговиот син.
– Денот кога се роди ти, се роди сè што сакам. Среќен роденден сакан синко, мојата песна е среќна. Среќата и Божјиот благослов нека те следат низ животот. Те сака мама од тука до небото – напиша таа.
Инаку, Маја неодамна откри дека кариерата еднаш и’ била на прво место, по што сакала да се исполни во улогата на мајка.
– Градев кариера, да се посветев на мајчинството немаше да можам да го правам тоа што го направив. Во принцип, го постигнав она што го сакав во животот. Пред неколку дена објавивме снимка од концертот во Арена. Сега ми се разбуди желбата да го имам тоа нешто што е дел од мене, не треба да се форсира, туку да се чека вистинскиот момент – изјави Маја.