ГОЛЕМА ТАГА ВО ПОЗНАТО СЕМЕЈСТВО – По 57 години брак почина сопругата на еден од најголемите тренери на сите времиња

Лејди Кети Фергусон, сопруга на поранешниот легендарен тренер на Манчестер ЈунајтедСер Алекс Фергусон, почина во четвртокот на 84-годишна возраст, соопшти семејството. 

Семејството Фергусон попладнево преку соопштение ја потврди смртта на Лејди Кети Фергусон.

Лејди Кети и Сер Алекс Фергусон се запознале кога тренерот на Манчестер Јунајтед имал 23 години во 1964 година и се венчале две години подоцна. Тие поминаа 57 години во брак. Имаа три сина, Марк во 1968 година и близнаците Џејсон и Дарен во 1972 година.

Со длабока тага ја потврдивме вчерашната смрт на леди Кети Фергусон, која го остави нејзиниот сопруг, три сина, две сестри, 12 внуци и едно правнуче. Семејството во овој момент бара приватност“, соопшти семејството Фергусон во соопштение до медиумите.

Кети Фергусон го поддржала својот сопруг Сер Алекс Фергусон за време на мозочното крварење опасно по живот што го претрпе во мај 2018 година.

Сите во Манчестер Јунајтед упатуваат искрено сочувство до Сер Алекс Фергусон и неговото семејство за смртта на Лејди Кети, саканата сопруга, мајка, сестра, баба и прабаба и столб на силата за Сер Алекс во текот на неговата кариера“, соопшти англискиот клуб.