ГОЛЕМА ТАГА – Млад спортист почувствувал болки во грбот, докторите му констатирале леукемија, а 24 часа подоцна починал – родителите во шок: “Тој беше здраво момче…“
Родители од Пенсилванија се целосно уништени по смртта на нивниот 16-годишен син, кој починал само 24 часа откако му била дијагностицирана леукемија, пишува весникот Daily Mail.
Кајл Лимпер изгледал сосема во ред односно дека нема никакви проблеми со здравјето. Се занимавал со спорт, бил здрав и активен тинејџер кој редовно учествувал на спортски натпревари. Кога пред две недели се пожалил на болки во грбот по кошаркарски натпревар, неговите родители го однеле во итната медицинска помош на преглед.
„Не пуштија да си одиме дома и ни рекоа да го вратиме ако не оздрави по неколку дена. Неколку дена подоцна синот не можеше да застане на нозе. Не можеше да стане од кревет без моја помош“, изјавил таткото Кен Лимпер за Fox 29.
Бидејќи болките не се смирувале, тинејџерот бил примен во Универзитетската болница „Jefferson“ во Филаделфија, каде докторите му откриле тешка дијагноза.
Сепак, веќе било премногу доцна за терапија. Неговите органи почнале да откажуваат и Кајл Лимпер починал само еден ден подоцна.
„Ова е кошмар. Секој пат кога влегувавме во собата, стануваше се полош и полош“, рекол таткото на момчето.
Таткото на Кајл Лимпер на социјалните мрежи напишал дека до кобниот 13. април неговиот син бил совршено здраво дете, без никакви знаци на болест.
„Едноставно болеста дојде и го однесе истиот ден“, стои во објавата.
„Трагата што Кајл ја остави во нашите срца е неспоредлива со ништо на овој свет. Тој направи повеќе за своите кратки 16 години и допре повеќе животи со својата несебичност, дарежливост, пријателство и љубов отколку што многу луѓе успеваат во текот на животот“, напишал таткото во објавата.
Тинејџерот играл фудбал за средното училиште „Penn Treaty“, се борел и трчал на патеката. Тој сакал и имал желба да игра фудбал на факултет и да биде шампион во борење.
По завршувањето на средното училиште, Кајл планирал да студира кривична правда, да биде форензичар или да се приклучи на ФБИ. Летово тој требало да учествува на летна програма во Вашингтон каде што требало да учи од агенти на ЦСИ.
Неговите родители, брат и сестра се во голем шок поради ненадејната загуба.
„Сакаше да стави крај на се што е лошо на овој свет и да ги стави криминалците зад решетки. Тој сакаше луѓето да се чувствуваат безбедно. Кајл секогаш мислеше на други луѓе“, објавил таткото на тинејџерот на социјалните мрежи.