ГОЛЕМИ ГУЖВИ НА ГРАНИЦА – На “Табановце“ за влез во државата се чека околу еден час, а еве каква е состојбата на останатите гранични премини

Поради зголемена фреквенција на возила на Г.П. ‘Табановце’ за влез во државата времето на чекање е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата“, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. 

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците КатлановоВелес, МавровоДебар Струга, Виница Берово и Кочани Делчево.