ГОЛЕМИ ЗАГУБИ – Владимир Путин отпушти клучен генерал поради фијаското на руската армија во Вуледар: “Тој луд идиот ја испрати војската директно во смрт!“
Рускиот командант Рустам Мурадов се сметаше за главен виновник за неуспешниот напад на Вуледар, украински град во источниот регион Доњецк, и поради тоа тој неодамна беше сменет од функцијата, само седум месеци откако беше назначен.
Тој беше разрешен како командант на Источниот воен округ во Украина, а руските медиуми го нарекоа – „луд идиот“.
Moscow Times, независен он-лајн весник на англиски и руски јазик со седиште во Амстердам, кој во моментов е забранет во Русија, објави дека два воени извори ги информирале за суспензијата на 50-годишниот генерал Рустам Мурадов, кој неодамна започна офанзива во источниот дел на Украина, пишува Newsweek.
„Рустам Мурадов беше разрешен бидејќи беше луд идиот кој испраќаше војници во сигурна смрт. Многу луѓе се пожалија на него“, изјавиле воените извори за споменатиот весник.
Рустам Мурадов е поранешен командант на руските сили во Сирија, а подоцна служел како одговорно лице на мировниот контингент во Нагорно-Карабах. Тој служеше како командант во Украина од октомври 2022 година.
Во февруари оваа година, тој започна напад врз градот Вухледар, но заврши со испраќање на војската под украински артилериски оган и во мински полиња. За неполни три дена изгубени се две елитни поморски бригади, од кои едната веројатно е 155-та поморска пешадиска бригада и 103 парчиња руска воена техника.
Според Oryx, веб-страница која ги следи воените загуби во украинско-руската војна, руската армија изгубила вкупно 36 тенкови за време на нападот на Вуледар, додека се проценува дека украинските вооружени сили изгубиле само 20 парчиња воена опрема.
Десничарскиот националист и поранешен офицер на Федералната служба за безбедност (ФСБ) Игор Гиркин ги нарече како „целосни кретени“ оние кои го предводеа нападот на Вуледар.
Министерството за одбрана на Велика Британија извести дека во таа битка животот го губеле по 500 луѓе дневно, а руската армија таму доживеала вистинско фијаско.
Сега се обидуваат да го сменат имиџот на својата армија, па не само што го менуваат раководството, туку и активно се прошируваат. Според Министерството за одбрана на Велика Британија, Владимир Путин ќе регрутира дополнителни 400.000 војници, но малку е веројатно дека тоа ќе бидат вистински доброволци, иако Кремљ најверојатно ќе се обиде да ги претстави како такви за да избегне протести и немири низ државата, пишува Newsweek.