Големи проблеми за ‘Кралскиот клуб’ пред два клучни натпревари! Изјавата на Карло Анчелоти го вклучи алармот: “Тој е незаменлив, но најверојатно без против Манчестер Сити…“
Петокот во Мадрид не започна идеално за „Кралскиот клуб“.
Лука Модриќ го пропуштил тренингот поради повреда на мускулот, која ја заработил на натпреварот со Џирона, а се поизвесно е дека капитенот на хрватската фудбалска репрезентација ќе пропушти некои од клучните натпревари до крајот на сезоната.
Така, Карло Анчетлоти на денешната прес-конференција со новинарите беше прашан за настапот против Осасуна во финалето на Купот на Кралот (6. мај), но и за првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер Сити три дена подоцна.
Многу откри и самиот изразот на лицето на Карло Анчелоти, но и неговата изјава во која три пати одговараше на прашањата на шпанските новинари за Лука Модриќ.
„Не знам, но веројатно ќе треба да одмара и за натпревар против Манчестер Сити. Да се надеваме на најдобро“, изјавил искусниот стратег, а потоа се навратил на состојбата на клупската „десетка“.
„Имаше мала повреда во Џирона и ја напушти играта. Не знам дали може да се опорави до финалето на Купот. Тоа е фудбал и може да се случи. Се надеваме дека ќе го имаме за преостанатите важни натпревари“, изјавил италијанскиот стратег.
Воедно кажал дека ќе биде тешко да се замени во тие дуели.
„Има многу алтернативи, но Лука е незаменлив. Посебно поради неговото искуство на вакви натпревари“.