ГОЛЕМИ ТЕНЗИИ НА ДАЛЕЧНИОТ ИСТОК – ‘Шкорпијата со две опашки’ на Кина кружи над Тајван во необични формации: “Тоа е многу моќен авион кој носи проектили под крилата!“
Кинеско борбено беспилотно летало за кое државните медиуми тврдат дека може да носи тешко оружје лета околу Тајван во необични формации, тврди Министерството за одбрана на оваа земја.
Министерството за одбрана на Тајван соопшти дека дронот TB-001 е еден од 19-те воени авиони кои влегле во тајванската зона за идентификација на воздушната одбрана (АДИЗ) во период од 24 часа.
Прво TB-001 го преминал каналот Баши кој го дели Тајван од Филипините, а потоа полетал источно од Тајван пред да се врати на кинескиот брег, пишува весникот The Guardian.
Народно-ослободителната Армија на Кина редовно испраќа авиони во зоната за идентификација на против-воздушната одбрана на Тајван, но комплетните кругови околу островот се исклучително ретки.
Државните медиуми во Кина го нарекоа ТB-001 како – „шкорпија со две опашки“ и покажаа фотографии од него со проектили под крилата. Тие тврдат дека е способен за мисии на голема височина и има долг дострел.
Воздухопловните сили на Кина претходно летаа на како што ги нарекуваат мисии за опкружување на островот со бомбардерот Х-6 кој може да носи нуклеарно оружје.
Немало истрели, а кинеските авиони не биле во воздушниот простор на Тајван. АДИЗ е поширока област која Тајван ја надгледува и патролира за да им даде повеќе време на своите сили да одговорат на можните закани.
Кина го засили притисокот врз Тајван во последните три години во обид да го принуди Тајпеј да ги прифати барањата за суверенитет на Пекинг. Владата на Тајван одбива да биде дел од Кина и вели дека само граѓаните на островот можат да одлучуваат за нивната иднина.
Неодамна, Кина организираше воени вежби во близина на Тајван, откако тајванскиот претседател Цаи Инг-Вен се сретна со Кевин Мекарти, претседател на Претставничкиот дом на САД, во Лос Анџелес.
Вежбите вклучуваа распоредување на ударна група носачи на авиони предводена од авионот Shandong, еден од двата кинески носачи на авиони. Министерството за одбрана на Јапонија, кое исто така ги следи активностите во регионот, оваа недела соопшти дека авионот Shandong лансирал рекордни 620 маневри на борбени авиони во текот на 18 дена во месец април.
Од 2022 година, кинеските воени авиони редовно ја минуваат централната линија со островот Тајван, која служи како неконфликтна бариера меѓу двете страни, иако Кина тоа не го признава. Најновите летови вклучуваат борбени и извидувачки авиони, од кои многумина ја преминаат таа линија а со тоа тензиите се повеќе растат.