Британската безбедносна фирма Амбри денеска соопшти дека е извршен напад во Црвеното Море на танкер со нафта кој пловел под знамето на Панама, на 10 наутички милји југозападно од јеменската Мока.
Во соопштението се наведува дека пловилото било погодено со проектил и дека на бродот имало пожар, пренесува Ројтерс.
Претходно денеска, Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (УКМТО) објави дека добила извештај за инцидент во Црвеното Море, 76 наутички милји северозападно од градот Ходеида во Јемен.
Јеменските проирански бунтовници Хути, кои ги контролираат најнаселените делови на земјата, со месеци вршат напади врз бродови во Црвеното Море кај Јемен во знак на солидарност со Палестинците кои се борат против Израел во Појасот Газа.
Хутите постојано лансираа беспилотни летала и проектили на комерцијален брод во Црвеното Море, теснецот Баб ал-Мандаб и Аденскиот залив од ноември 2023 година, принудувајќи ги светските бродски компании да ги пренасочат товарните бродови на подолги и поскапи рути преку Јужна Африка.
Нападите на Хутите ги поттикнаа стравувањата дека војната меѓу Израел и Хамас може да се прошири и да го дестабилизира поширокиот регион Бис Исток, наведува британската агенција.