Го прашаа Садио Мане зошто не се ожени? Одговорот изненади многумина

Многу светски фудбалски ѕвезди го експонираат својот приватен живот во јавноста. Тоа го прават на различни начини, од објавување фотографии на социјалните мрежи до давање изјави во медиумите.

Но, има и такви ѕвезди кои едноставно не сакаат да го откриваат својот приватен живот во јавност. Еден од тие фудбалери е Садио Мане.

Напаѓачот на Баерн беше прашан зошто се уште не е оженет. Иако има 30 години, сè уште не е виден со девојка во јавност, а неговиот одговор воодушеви многумина.

САКА ДА ПОМАГА

,Многу девојки ме прашаа зошто не сум оженет. Жената со која ќе се оженам нема да се најде на социјалните мрежи. Сакам да се оженам за жена која го почитува Бог и намазот”, рекол Мане.

Мане израснал во голема сиромаштија, но со својот талент стигнал до славниот Ливерпул, каде сериозно заработил и им помагал на сиромашните во својот Сенегал.

И денес тој продолжува да донира бројни средства за својата земја, а планира различни проекти да им го разубави животот на илјадници деца.