Го убедила сопругот да го продаде бубрегот, ги собрала парите и побегнала со љубовникот: Но, тоа не е крај на маките на несреќниот човек
Неименуван маж од Санкраил во Западен Бенгал останал без сопругата и без бубрегот неколку недели.
Според порталот Hindustan Times, неговата сакана сопруга го наговорила да му го продаде бубрегот за приближно 11 илјади евра, по што таа ги земала парите и побегнала со сликарот Рави Дас, кого го запознала на Фејсбук.
Несреќниот маж се согласил да си го продаде бубрегот бидејќи сопругата го уверувала дека еден ден ќе ги вложи парите во образованието и бракот на нивната ќерка, па тргнал да најде купувач, за кого морал да чека повеќе од една година.
Меѓутоа, на негово големо жалење, откако го пронашол и се откажал од органот, убеден дека ја прави вистинската работа за своето дете, госпоѓата исчезнала со парите и се преселила кај маж во кој се заљубила преку социјалните мрежи.
Полицијата на крајот успеала да влезе во трага на бегалката. Меѓутоа, откако ја пронашле во Баракпор, следела нова семејна драма.
Љубовниците одбиле да му ја отворат вратата на вознемирениот маж иако тој пристигнал во придружба на неговата десетгодишна ќерка и други разочарани членови на семејството.
„И покрај молбите на свекорот, свекрвата, сопругот и детето, жената не сакаше да ја напушти куќата и да разговара со нив”, пишува весникот.
Продажбата на човечки органи е забранета во Индија од 1994 година, па теоретски постои можност несреќниот херој од приказната да се најде во неволја со законот.