Град Скопје реагира по протестите: Имаат политичка заднина

Град Скопје реагираше по денешните протести организирани од градоначалникот на Шуто Оризаре, Курто Дудуш, како што рекоа демонстрантите за хаосот во јавниот превоз и расизмот што, според нив, го изразува градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Од Град Скопје велат дека зад протестите стои ВМРО-ДПМНЕ и дека сè се случило со политичка позадина.

„Македонија е држава поробена од режимот, а граѓаните се манипулирани“ – вака реагираше Град Скопје по одржувањето на протестот. Оценуваат дека зад протестите стои ВМРО-ДПМНЕ.

,,Во Шуто Оризаре нема јавен превоз, бидејќи групата советници на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје одби да им дозволи на приватните превозници да ги возат автобусите согласно барањата што ги поднесоа до Трајко Славевски пред неколку месеци“, велат од реакција на градските власти. Според нив, срамна е, како што додаваат, лагата на Курто Дудуши, кој ги натера своите сограѓани да протестираат на температури под нулата за да и’ угоди на ВМРО-ДПМНЕ која е на власт, од каде се надева на поддршка за следниот мандат“, велат од Град Скопје.