Граничната полиција кај државјани на БиХ открила дури 826 парчиња препарати за потенција

На 6 ноември 2023 година, на лет за Базел, припадниците на граничната полиција на БиХ на аеродромот во Тузла открија 826 парчиња Камагра. Овој препарат се користи за потенција кај мажите, а неговата продажба е забранета во Босна и Херцеговина.

Имено, гореспоменатата Камагра била откриена при контрола на КДЗ на С.М.(1967), државјанин на Босна и Херцеговина, кога при преглед на личниот рачен багаж биле откриени 476 парчиња од овој препарат.

При дополнителен преглед на неговиот одделен багаж биле откриени уште 350 парчиња Камагра.

БиХ државјанин С.М и откриената стока, која е привремено одземена, се предадени на службениците на Управата за индиректно оданочување на БиХ за понатамошна обработка“, соопшти Граничната полиција на БиХ.