Граѓаните на Македонија се 49-ти во светот според просечниот коефициент на интелигенција, според рангирањето објавено на страницата „Меѓународен IQ тест“.
Листата е составена врз основа на резултатите на 1.691.740 луѓе од целиот свет кои го направиле истиот тест за интелигенција во 2023 година.
Според оваа листа, граѓаните на Северна Македонија имаат просечен коефициент на интелигенција од 98,83. Ова е блиску до вкупниот просек, кој е коефициент 100. Минатогодишниот прелиминарен резултат за граѓаните на Северна Македонија беше 98,21 коефициент поени.
Во првите 10 земји се: Јужна Кореја (со просечен коефициент на интелигенција 107,54), Кина (106,99), Иран (106,84), Јапонија (106,18), Сингапур (106,18), Австрија (102,71), Канада (102,6), Германија ( 102,36), Словенија (102,31) и Монголија со просечен коефициент 102,3.