ДАЛИ ВОЈНАТА СЕ ПРЕФРЛА ВО РУСИЈА !? Првиот човек на тајната служба на Украина најави и се закани: “Воените операции треба да бидат што е можно пошироки!“

Првиот човек на Главната управа за разузнавачки работи на Министерството за одбрана на Украина, Кирило Буданов, смета дека војната треба да се префрли на територијата на Русија.

Според мене, тоа е одлична идеја. Војната треба да се префрли на друга територија, која е, се разбира, Руската Федерација“, изјавил Кирило Буданов, пренесуваат украинските медиуми.

На новинарско прашање дали треба да се работи за целни напади, саботажни и слично, Кирило Буданов вели дека е подобро овие операции да бидат што пошироки.

Според неговите зборови, Русија одамна тргнала на патот на стратешки пораз.

Кирило Буданов нагласил дека Русија се претворила во дипломатски отфрлена земја, дека руската економија не е во многу добра состојба, а воената машина се покажала како, како што вели – „меур од сапуница“.

Никој во светот не се плаши од Русија. Тие го разбија митот за сè, едноставно ја уништија вербата во руското оружје. Сè е поевтино во светот“, рекол Кирило Буданов.

Според него, меѓународната заедница треба да се врати на јазикот на бројките и фактите и да признае дека многуте стравови за Руската Федерација и нејзиното место и улога во светот се мит.