Ако сте купиле или одгледувале голема количина лук и се прашувате каде да го складирате за да трае – одговорот е голема картонска кутија обложена со весник.
Лукот е неверојатно здрав, но исто така ги прави јадењата пополни и повкусни, а ако оваа година сте одгледале доволно лук во вашата градина за да ви трае во текот на зимата, сега е време правилно да го складирате. Целите, нелупени чешниња лук можат да траат до шест месеци ако се складираат правилно.
Секогаш чувајте го лукот на собна температура, на суво и темно место. Избегнувајте да го чувате во фрижидер подолг временски период, бидејќи лукот може брзо да ‘рти и да стане горчлив во ладна, влажна средина. Употребете ги излупените чешниња лук во рок од една недела ако се чува во фрижидер.
Доколку сте купиле или одгледувале голема количина лук, се препорачува да го чувате во голема картонска кутија, да ја обложите со весник, цврсто да ја затворите и да го чувате во подрум, гаража или друго суво место.
Зачувајте неколку чешниња лук и ставете ги во кутија за јајца. Ова ќе го одржи лукот свеж долго време, а секогаш ќе имате мала количина при рака кога ќе ви затреба. Кутијата за јајца овозможува правилна циркулација на воздухот, што е од суштинско значење за одржување на лукот свеж и спречување на раст на мувла.