Дали знаете кои седишта во авион се најбезбедни? Експертите открија дека патниците седнати на овие места имаат најголеми шанси за преживување во случај на несреќа

Патничкиот авион „Ембраер“ кој летал од Азербејџан за Русија денеска се урна во близина на градот Актау во Казахстан со 67 патници и пет членови на екипажот. Несреќата ја преживеале 28 лица, а се претпоставува дека загинале 39 патници.

Многу е важно каде седите во авионот, а статистичките податоци базирани на истражувањето на авионските несреќи во последните 35 години велат дека седиштата во средниот ред на задниот дел на авионот се најбезбедни. Стапката на преживување во тој дел е највисока.

Новинарите од порталот „Тајм“ ја проучувале базата на податоци на CSRTG на Федералната управа за авијација, а се фокусирале на несреќите во кои имало преживеани. Тие анализирале 17 графикони и откриле колкав процент од смртните случаи се забележани во одреден дел од авионот:

  • 32 проценти во задната третина
  • 39 проценти во средната третина
  • 38 проценти во предната третина

Тие ги проучувале и позициите по редови и заклучиле дека стапката на смртност е најниска во средните редови на задниот дел на авионот – само 28 проценти. Најлоши резултати беа за седиштата лоцирани веднаш до патеката во средната третина од кабината, каде што се забележани дури 44 проценти од смртните случаи.

Исто така, една студија од 2008 година за употребата на излезите за итни случаи на британскиот универзитет „Гринвич“ покажа дека патниците кои се блиску до излезите за итни случаи имаат најголеми шанси да излезат живи од авионот доколку се случи несреќа.

авион-лет-патници.jpg

Сепак, на крајот сè зависи од околностите на несреќата

Експертите забележуваат дека на крајот преживувањето повеќе зависи од околностите на самата несреќа, а помалку од тоа на кое седиште некој седи. На пример, ако нешто тргне наопаку во задниот дел на авионот, патниците напред ќе имаат поголеми шанси да преживеат, освен ако авионот не падне на земја од голема височина, се распадне и се запали.

Се случило и некои патници да преживеат иако биле во делот од авионот каде сите загинале па експертите на Федералната управа за воздухопловство и други забележуваат дека всушност не постои загарантирано најбезбедно место во авионот, пишува 24 часа.