ДАЛИ ОВА ЌЕ ПРЕДИЗВИКА ДОПОЛНИТЕЛНИ ТЕНЗИИ МЕЃУ КИЕВ И ВАРШАВА – Експертите потврдија: “Украински проектил уби две лица во Полска минатата година“

Полски експерти потврдија дека украинска ракета убила две лица во село на југот на Полска во ноември минатата година, пишува весникот Rzeczpospolita, повикувајќи се на извори запознаени со истрагата.

Ракетната експлозија во Полска, која е во НАТО, ги поттикна стравувањата дека војната во Украина би можела да ескалира во поширок конфликт со активирање на меѓусебните одбранбени обврски од договорот, но тогаш официјална Варшава и НАТО рекоа дека веруваат дека станува збор за залутан украински проектил што ја намали загриженоста за ескалација, пренесува медиумската агенција Reuters.

Извори запознаени со истрагата за Rzeczpospolita велат дека Полска утврдила дека проектилот што паднал во селото Пржеводов бил против-воздушен проектил S-300 5-V-55 истрелан од украинска територија.

Овој проектил има дострел од 75 до 90 километри. Тогаш руските позиции беа на место од кое ниту една руска ракета не можеше да стигне до Пжеводово“, пишува весникот, повикувајќи се на сигурен извор.

Украина негираше дека еден од нејзините проектили паднал во Полска.

Весникот Rzeczpospolita додава дека украинската страна не ставила никаков доказ на располагање на полските истражители.