ДАЛИ ПОРАДИ КРИМИНАЛЕЦ БРИТНИ СПИРС СЕ РАЗДЕЛУВА ОД СОПРУГОТ !? Драмата станува се поинтересна: Откриено со кого поп-принцезата го изневерувала Сем Асгари!
Драмата околу Бритни Спирс и Сем Асгари станува се поинтересна! Поп пејачката се разделува од сопругот поради наводна афера со член на нејзиниот персонал кој наводно има криминално минато, дознава ексклузивно Page Six.
Додека процесот на развод е сè уште во тек, Бритни Спирс поминува време со маж наводно по име Пол Ричард Солиз, 37-годишен човек кој работи за 41-годишната пејачка речиси една година. Неговите задачи се чистење тоалети, бришење подови и собирање ѓубре.
Извор близок до пејачката тврди дека таа и вработениот се зближиле многу и додава: „Загрижен сум“. Причина за загриженост е тоа што човекот бил ангажиран без проверка на неговото потекло, што е прилично криминално.
Како што дознава Page Six, Пол Ричард Солиз постојано бил обвинет за разни прекршоци, па дури и за кривично дело. Така, тој во април 2014 година е осуден по една точка за нарушен јавен ред и мир, имал и кривична пријава за загрозување на дете, која според судските списи била одбиена поради спогодба. Тоа сè уште не е се. Тој бил осуден за возење без дозвола во 2016 година, додека посебното обвинение за возење со суспендирана дозвола било отфрлено поради преговори за признавање вина, пишува Page Six.
Последниот конфликт со законот го имал минатата година кога веќе реботел за позната пејачка. Во декември 2022 година е осуден за кривично дело поседување огнено оружје.
Иако Пол Ричард Солиз на крајот бил ослободен, изворите откриваат дека поп-принцезата продолжува да поминува време со бившиот „измамник“ и не се труди да го скрие нивното пријателство.
Откако минатата недела се појави веста за разводот со 29-годишниот Сем Асгари, пејачката во неколку наврати е видена со мистериозен маж во јавноста. Се уште не е потврдено дали станува збор навистина за Пол Ричард Солиз.
Да потсетиме, странските медиуми претходно пишуваа дека Бритни Спирс наводно го изневерувала Сем Асгари за време на нивниот едногодишен брак, но овие тврдења се уште не се потврдени. Извори изјавиле за Page Six дека пејачката се изолирала од пријателите и семејството во овој тежок период од нејзиниот живот, бидејќи имала „големи болки“, па шпекулираат дека можеби сега бара друштво и поддршка кај Пол Ричард Солиз.