ДАЛИ САД ЌЕ ЈА ИСПРАТИ СВОЈАТА АРМИЈА ВО ПОЈАСОТ ГАЗА !? Потпретседателката на САД со јасна порака: “Правилата на војната мора да се почитуваат!“
Потпретседателката на САД, Камала Харис, изјави дека Вашингтон нема „апсолутно никаква намера“ да испраќа борбени трупи во Израел или Појасот Газа, поради стравувањата од поширок регионален конфликт.
„Немаме апсолутно никаква намера, ниту планови, да ја испратиме Армијата во Израел или Појасот Газа“, изјави Камала Харис во интервју за CBS што се емитуваше во неделата.
Камала Харис, која е добро информирана за кризата на Блискиот Исток, вели дека тесно се придржува до пристапот на претседателската администрација, а тоа е да го поддржи Израел да се брани, но во исто време да ги заштити цивилите.
„Според повеќето проценки, убиени се најмалку 1.400 Израелци. Израел, без никакво сомневање, има право на самоодбрана. Исто така, многу е важно да се разделат Хамас и палестинскиот народ, кој заслужува еднакви мерки на безбедност, самоопределување и достоинство. Бевме многу јасни кога рековме дека мора да се почитуваат правилата на војната и дека хуманитарната помош мора непречено да се дели“, нагласи потпретседателката на САД.
Поради загриженоста дека конфликтот може да се прошири надвор од Појасот Газа, Камала Харис го повтори предупредувањето на американскиот претседател Џо Бајден до Иран да не се меша.
„Немојте. Еден збор. Многу јасно“, нагласи Камала Харис.
Во вториот дел од интервјуто Камала Харис ги отфрли прашањата за возраста на Џо Бајден, кој на 20. ноември ќе наполни 81 година, односно дали ќе остане здрав до следните избори, во ноември следната година.
„Немам време за нагаѓања кој демократ би можел да го замени. Воопшто нема да се занимавам со тоа, бидејќи Џо Бајден е многу здрав и се кандидира за реизбор“, изјави Камала Харис.