Дали сте знаеле како е создаден првиот вибратор и за што користел !? Од ова навистина ќе се изненадете – по бројни неуспешни обиди е создадена револуционерната играчка за задоволство на дамите
Дали знаевте дека играчката за возрасни има историја од 150 години ?
Вибраторите се уште се табу тема за многумина, но не е тајна дека жените ги користат. Верувале или не, оваа алатка има историја од 150 години. Дали знаевте низ колку неуспеси требаше да помине за да се добие оваа играчка денес ? Многумина мислат дека Јапонците се првите кои смислиле некаква играчка за возрасни. Користеле топки кои биле ставени во женскиот полов орган, а на жените им биле најпријатни при одењето и набрзо биле забранети. Сепак, тие не се претходник на вибраторите.
Шведскиот доктор Густав Сандер во 1865 година имал лабараторија опремена со гимнастички апарати, вклучувајќи и една наменета за масажа. Тоа всушност било основа за идејата да се направи првиот вибратор. Направен е од американскиот доктор Џорџ Тејлор во 1869 година. Меѓутоа, во тоа време се користел за лекување на психолошки проблеми на жените. Како ?
Првиот вибратор е направен во форма на голема, тешка и скапа машина составена од маса, вибрирачки предмет и ремени за врзување. Набргу откако бил направен, луѓето разбрале дека нема ефект во лекувањето на женските заболувања. Следните два обиди за правење вибратор биле: вибратор со погон на ногата, како машинка за шиење, и вибратор за навивање. Залудно – овие два вибратори не постигнале успех.
Првата играчка на батерии за возрасни е направена во 1875 година. Била дрвен, мала, лесна за употреба, со копче за вклучување и исклучување. Различни производители се обиделе да го произведат на почетокот. Вибраторите изгледале како фен и дупчалки, но брзо успеале да постигнат солидна продажба. Трендот наишол на силен отпор кај здравствената јавност. Вибраторите се продавале преку женски списанија, се доставуваа на домашни адреси, а докторите сметале дека таквата продажба е скандалозна. Тие се рекламирале под слоганот – „Во тебе ќе пулсираат сите задоволства на младоста“.
Во XX век, рекламите за оваа играчка беа забранети, но ова траеше до 80-тите години на минатиот век. Големото враќање на сцената на вибраторите се случи во 1966 година, благодарение на пронаоѓачот Џон Травел. Сите претходни вибратори паднаа во заборав – се појави модел без кабел, бил водоотпорен, со тркало на врвот. Тогаш започна секуларната револуција, која го промени начинот на кој се гледаше на овие помагала.
Како што и самите знаете, денес можете да ги најдете во различни бои, големини и со бројни можности за употреба.